Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќат по неделен возен ред

167

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информирараат дека утре, поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

И в сабота ќе се вози по неделен возен ред, со исклучок на посочените линии, кои ќе функцинираат по саботен возен ред.

Утре дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров, а в сабота сите ќе работат со вообичаеното работно време.

Жичницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.