Пакистан изврши напади во Иран во четвртокот насочени кон сепаратистичките милитанти, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи, два дена откако Техеран соопшти дека нападнал бази на милитанти поврзани со Израел на пакистанска територија.
Иранските медиуми јавуваат дека неколку проектили погодиле место во провинцијата Систан и Белучистан, која граничи со Пакистан, при што загинале три жени и четири деца, од кои ниту едно по потекло од Иран.
„Неколку терористи беа убиени за време на оваа операција заснована на разузнавање“, се вели во соопштението на пакистанското министерство, опишувајќи ја операцијата како „серија на високо координирани и конкретно насочени воени напади против терористичките засолништа“.
⚡️ ❗🇵🇰🇮🇷 Videos from Iran confirming attack by Pakistan.
Pakistan Airforce is reportedly been involved in Strikes inside Iran.#Pakistan #Iran pic.twitter.com/QnpZ2tYgNq
— The Macro Story (@themacrostory) January 18, 2024
„Пакистан целосно го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Исламската Република Иран“, додаваат од Министерството за надворешни работи и објаснуваат дека „единствената цел на денешниот чин била да се обезбеди безбедноста и националниот интерес на Пакистан, што е најважно и не може да биде компромитиран“.
Пакистански разузнавачки извор за Ројтерс изјави дека нападите биле извршени со воени авиони.
„Нашите сили извршија напади против милитантите на Белуџистан во Иран“, изјави разузнавач во пакистанската престолнина Исламабад.