„КРАЈ НА ДИВИОТ ЗАПАД“!: Правилата за инфлуенсерите дефинирани со закон, казните и до 250.000 евра

231

Италија воведува строги правила за инфлуенсерите. Италијанските инфлуенсери и другите креатори на содржини на социјалните мрежи наскоро би можеле да бидат обврзани со истите правила како и традиционалните медиуми кога објавуваат содржина на интернет. Активностите на инфлуенсерот ќе ги следи Италијанската агенција за комуникации (AGCOM), пренесува Би-Би-Си.

Правилата првично ќе важат за инфлуенсери со повеќе од милион следбеници.

„Дивиот запад на инфлуенсерите заврши“, рече шефот на AGCOM, Џакомо Ласорела. „Почнуваме на големо, но и другите ќе мора да се прилагодат“, изјави тој за весникот „Ла Република“.

За какви правила се работи?

Истакнати инфлуенсери ќе се соочат со високи парични казни доколку не успеат јасно да ја означат соработката на брендот или да ги откријат своите комерцијални интереси. Предложените упатства, исто така, имаат за цел да ги заштитат децата, со нов сет на регулативи кои вклучуваат строги казни за инфлуенсерите кои не ја рекламираат правилно соработката со брендовите и сопствените комерцијални интереси, со казни до 250.000 евра.

AGCOM во соопштението рече дека нејзините мерки ќе се однесуваат на „комерцијалната комуникација и заштитата на основните права на луѓето, малолетниците и спортските вредности“. Во случај на пласман на производи, „инфлуенсерите се должни да стават предупредување за рекламниот карактер на содржината“, стои во соопштението, пренесува Индекс.