Лондонскиот премиерлигаш Челзи со големо внимание ја следи ситуацијата околу францускиот интернационалец од редовите на Ал Итихат, Карим Бензема. Искусниот напаѓач е во војна со раководните лица на богатиот клуб од Саудиска Арабија и се погласни се шпекулациите дека Бензема планира да се врати во Европа до крајот на зимскиот преоден рок.