Обафеми Мартинс денес живее како цар

485

Поранешниот напаѓач на Интер, Обафеми Мартинс, денес живее во Нигерија, во родниот Лагос, каде што е вистинска ѕвезда. Кон крајот на 2023 година отвори и ноќен клуб на кој му даде оригиналното име, а веќе сега може да се каже дека таквиот потег му е полн погодок.

Мартинс се збогуваше од фудбалот во 2021 година и се сврте кон приватниот бизнис. Откако создаде сопствен ланец за облека, со неизбежното салто како лого, поранешната ѕвезда на „нероаѕурите“ се врати дома.

На крајот на 2023 година ја реализира својата последна бизнис идеја. Отвори ноќен клуб, во најмала рака со лудо име „Коза ностра“.

Како што е познато, „Коза Ностра“ е една од најозлогласените мафијашки организации во светот, а дефинитивно самиот избор на името привлече огромно внимание.

Можеби самиот избор на името на ноќниот клуб е одраз на личноста на Мартинос, кому никогаш не му недостасуваше храброст да го направи она што го мисли.

Тој уште во 2005 година напиша отворено писмо против дискриминацијата, кое тогаш ги потресе Апенините, а потоа започна голема дебата на тема дискриминација во Италија.

Секогаш се грижеше за оние на кои им беше најпотребна помош, па отвори своја фондација за да им помогне на најзагрозените во неговата земја.

Денес, 39-годишникот живее како цар, а тоа го прави во друштво на неговата неверојатно привлечна сопруга Надин Нифеми.

Мартинс остана запаметен од фудбалските фанови по неговата неверојатна брзина, но и по познатата прослава кога ќе ја затресеше противничката мрежа, кога правеше салто.

Освен за Интер, тој настапуваше и за Њукасл Јунајтед, еден од попознатите клубови. Последните години од кариерата ги помина во Кина, каде заработи огромни пари, кои сега многу успешно ги инвестира во деловните потфати.

За време на неговата кариера тој исто така беше во неволја поради обвинувања за фалсификување на изводот на родени. Се споменуваше дека тој е роден во 1978 година, а не во 1984 година, но нигериската фудбалска федерација потврди дека неговата возраст не е лажна.

Кога се збогуваше од фудбалот, започна низа приватни бизниси, а еден од најуспешните секако е производството на капи со логото на салто.