Грозоморен инцидент во Ирска: Речиси една деценија ја силувал сопругата во безсвесна состојба со кујнски предмети

788

Четириесет и девет годишен маж од Даблин беше прогласен за виновен од страна на поротата минатиот месец по 11 точки од обвинението за сексуално злоставување на сопругата во периодот од јануари 2005 година до септември 2014 година, пишува „Дејли мејл“.

Судијата Пол Барнс рече дека е тешко да се замисли низ што поминува жртвата кога ги пронашла сликите од злоупотребата на нејзиниот компјутер. Сопругата на насилникот пред судот изјавила дека открила дека нејзиниот сопруг, со кого била во брак повеќе од 20 години, ја силувал неколку пати додека спиела.

Обвинетиот во текот на судењето тврдеше дека е невин. Неговата сопруга рече дека страдала од анксиозност, депресија, несоница и напади на паника по распадот на бракот. Таа рече дека се борела со финансиски проблеми и дека морала да бара пари од семејството.

“Зошто ми го направи ова? Колку време траеше? Како не знаев? Дали отсекогаш бил ваков?”, рече таа и додаде дека имала чувство дека е мажена за непознат човек кој одвратно и насилно ја малтретирал.

Жртвата ги пронашла застрашувачките фотографии на компјутерот на нејзиниот сопруг во 2019 година, а потоа го замолила да го напушти семејниот дом. Двојката е во брак повеќе од 20 години и имаат заеднички деца.