Ужас во Италија: Новороденче со се плацентата и папочната врвца пронајдено во канта за ѓубре

115

Новороденче е пронајдено во саботата вечерта во канта за ѓубре во италијанскиот град Виланова Канавезе, недалеку од Торино, јави агенцијата Анса. Станува збор за машко бебе кое било пронајдено во најлонска кеса, заедно со плацентата и папочната врвца.

И покрај ниските температури, здравјето на момчето кое лекарите го крстиле Лоренцо засега е добро. Бебето го пронашол 49-годишен маж кој живее во близина кога сакал да фрли нешто во ѓубре. Го спречил бебешки плач.

– Отпрвин мислев дека е мачка. Дури по некое време сфатив дека се работи за бебе – рекол тој. По откритието повикал полиција, а детето било пренесено во болница. Полицијата отвори истрага како новороденчето завршило во ѓубре.