ЛАВАТА „ГОЛТА“ ГРАД ВО ИСЛАНД – вулканот пак еруптираше: Горат куќи, жителите итно евакуирани/ВИДЕО

306
EPA-EFE/Angel Medina

Вулкан еруптираше во близина на рибарскиот град Гриндавик во југозападен Исланд, помалку од еден месец по уште една ерупција во областа. Властите синоќа наредија евакуација на неколку илјади жители, со забрана за нивно враќање во наредните три недели.

Ерупцијата започна утрово. Исто така, треба да се забележи дека се работи на изградба на земјени и карпести бариери за да се спречи лавата да стигне до Гриндавик, но се чини дека не успеа.

Лавата стигнала до ова рибарско село и почнала да „голта“ куќи и згради.

Досега изгореа најмалку две куќи.