Зеленски го отфрли примирјето: „НЕМА ДА РИЗИКУВАМЕ!“

300

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој собираше воена и политичка поддршка во балтичките земји во средата и четвртокот, силно ја отфрли идејата за прекин на огнот со Русија, велејќи дека тоа само ќе ѝ користи на Москва и ќе и даде време да ги обнови своите вооружени сили.

Русија има „голем“ дефицит во беспилотни летала, артилерија и ракети, а Кремљ ќе го искористи затишјето во борбите за да ги надополни резервите на тоа оружје, рече Зеленски во четвртокот за време на посетата на Естонија.

Зеленски додаде дека Москва во моментов е принудена да купува оружје од Иран и Северна Кореја за војната против Украина. Прекинот на огнот, исто така, ќе и даде шанса на Русија да ги прераспореди и прегрупира своите сили, потенцијално ставајќи ги украинските трупи во неповолна положба во идните борби. Прекинот на непријателствата би можел да им овозможи на руските сили „да не совладаат и ние нема да ризикуваме“, рече Зеленски, сумирајќи ја својата позиција.