Еквадор е во 60-дневна вонредна состојба откако најопасниот нарко бос во земјата исчезна од својата затворска ќелија. Откако водачот на бандата Лос Чонерос, Адолфо Масијас, попознат како Фито, исчезна од затворската ќелија поради слаба безбедност, се случија повеќе напади низ земјата. Степенот на безбедносната криза во земјата стигна до јавноста вчера кога маскирани вооружени лица упаднаа во ТВ студио и киднапираа новинари во програма во живо, пишува Мирор.
На хорор снимката се гледа човек со пиштол, а потоа друг човек со пушка. Се слушнале врисоци проследени со истрели. Преплашените новинари и персоналот на продукцијата беа принудени да легнат на земја, а една жена се слушна како моли: „Не пукај, те молам, не пукај!“
Владата соопшти дека имало најмалку 30 напади откако Фито беше пријавен за исчезнат. Сè уште не е јасно дали Фито успеал да го напушти затворот во пристанишниот град или можеби се крие некаде внатре. Фито беше во притвор од 2011 година, но стана лидер на Лос Чонерос дури по убиството на поранешниот шеф Хорхе Луис Замбрано Гонзалес во 2020 година. Фито, сега 44 годишен, отслужуваше 34-годишна затворска казна за трговија со дрога, организиран криминал и убиство. Шефот на полицијата рече дека „ниту може да го потврди, ниту негира“ бегството, ниту може да каже колку долго осуденикот бил во бегство, но рече дека стотици полицајци го пребаруваат затворот.
Лос Чонерос е банда за трговија со дрога и изнуда, а многу нејзини членови се во затвор. Има извештаи дека групата функционира како оперативна рака на озлогласениот мексикански картел Синалоа. Фито е поврзан и со неодамнешниот политички атентат. Пред изборите во земјата минатата година, кандидатот Фернандо Виљависенсио – кој беше гласен критичар на моќните нарко картели – беше убиен во главниот град Кито во август. Неколку дена пред неговата смрт, Виљависенсио рече дека тој и неговиот тим добивале закани од Фито и Лос Чонерос.
Потсетиме дека нападот без преседан на ТВ станица во Гвајакил, пристанишен град во Еквадор, се случи неколку часа по серијата други напади и киднапирања на полицајци. Никој не беше убиен во нападот во вторникот, а властите соопштија дека 13 напаѓачи се уапсени и ќе се соочат со обвиненија за тероризам. Претседателот Даниел Нобоа, кој дојде на власт во ноември ветувајќи дека ќе донесе мир во јужноамериканската земја, издаде декрет во кој се вели дека „заразената“ земја влегла во „внатрешен вооружен конфликт“, во она што некои аналитичари го гледаат како пресуден момент за Еквадор.
NEW: Ecuadorean television station is taken hostage by armed thugs during a live broadcast.
Wild.
The staff was told to lie down on the floor as gun shots could be heard in the background.
The incident comes as gangs continue to take over the streets in Ecuador after President… pic.twitter.com/1ZyDxy4BRO
— Collin Rugg (@CollinRugg) January 9, 2024