Израелската телевизија ја објави првата нова фотографија од мистериозниот командант на военото крило на Хамас, Мохамед Деиф, што сугерира дека израелските одбранбени сили (ИДФ) се приближуваат кон човекот познат како „Сенка“.
Деиф е водач на бригадите Касам, кои се одговорни за терористичкиот напад на 7 октомври, а фотографијата, која наводно е направена во Газа според „Тајмс оф Израел“, го покажува Деиф значително постар отколку што се памети.
Деиф е на листата на најбарани терористи во Израел од 1995 година и преживеал најмалку седум обиди за атентат, а се верува дека ја изгубил раката, двете нозе и сега е во инвалидска количка, што е потврдено со новата фотографија на која се гледа дека му недостасува едно око.
Hamas' military commander known as 'The Shadow' is pictured for the first time in years as IDF manhunt rages on: Terror suspect is 'missing both legs, an arm and an eye' https://t.co/mPTV1nGxHb pic.twitter.com/ThEM2llakq
— Daily Mail Online (@MailOnline) December 28, 2023
И претходно се обидоа да го убијат „Сенка“
Терористичкиот водач, познат како „Сенка“, избегна обид за атентат во 2014 година, но проектилот го промаши, а наместо тоа му ги уби сопругата, синот и тригодишната ќерка. Серијата обиди за атентат, од 2001 до 2006 година, се наведуваат како можна причина за губење на нозете при последниот обид.
Припадниците на ИДФ (израелските вооружени сили) пронашле инвалидска количка во мрежата од тунели во населбата Римал во Газа, верувајќи дека ја користел тој.
Има необјавено видео од Газа на кое се гледа како Деиф оди на две нозе, иако куца. Даниел Хагари, портпарол на ИДФ не даде информации дали фотографијата сугерира дека му се приближуваат на Деиф.
Тој е една од клучните цели на ИДФ, а неговата фотографија се појавува на летоците што ги фрлиле над Газа, нудејќи награда за информацијата што ќе доведе до апсење на четворица високи функционери на Хамас. Досега, ниту еден од нив не е заробен или убиен во речиси тримесечниот конфликт, а официјалните лица во Газа наведуваат дека бројот на загинати е над 21.000 и 55.000 повредени.