ЕВН Македонија ќе постави станици за полнење на електромобили

1512

Во образложението на предлог-одлуката се наведува дека целта на овој проект е во согласност со преземените активности од страна на Град Скопје во насока на охрабрување на учесниците во сообраќајот да користат алтернативни начини на транспорт преку промовирање на станици за полнење на електромобили како една од алатките во напорите за подобрување на квалитетот на воздухот 

 

 

На 25 локации во Скопје ќе бидат поставени исто толку станици за полнење на електромобили. Градските советниците в четврток треба да дадат зелено светло на предлог-одлуката за определување на локации за поставување на урбана опрема – станици за полнење на електромобили.

Полначите за електричните автомобили е планирано да се постават на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „Максим Горки“ – А06 во општина Центар, на  паркинг-просторот на ЈП „Градски паркинг“, на булевар „Блаже Конески“ – А01 во општина Центар, на паркинг-просторот на ЈП „Градски паркинг“, на булевар „Јане Сандански“ – Д03 во општина Аеродром, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“,  на улица „Водњанска“ – зона Клинички центар во општина Центар, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“ на булевар „АСНОМ“ – Д02 во општина Аеродром, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на булевар „Јане Сандански“ – Д04 во општина Аеродром, на паркинг-просторот на  ЈП „Градски паркинг“ на булевар „Крсте Мисирков“ – Ц45 во општина Центар, на паркинг-просторот на ЈП „Градски паркинг“, на булевар „Кочо Рацин“ – зона Кочо Рацин во општина Центар,  на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „Св.Кирил и Методиј“ –  зона Нова Македонија во општина Центар, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, Средно Водно – А0 во општина Центар, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „Владимир Комаров“ – Д06 во општина Аеродром, на паркинг-просторот на ЈП „Градски паркинг“, на плоштад „Филип Втори“ – А08 во општина Центар, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „Никола Карев“ – Ц33 во општина Центар, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „Филип Втори Македонски“ – зона Градска болница во општина Центар, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ – зона АМСМ во општина Центар, на паркинг-просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „Орце Николов“ – Д42 во општина Карпош, на  паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „Филип Втори Македонски“ – Б07 во општина Центар, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „Бледски договор“ – Д40 во општина Карпош, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „Стале Попов“ – Ц35 во општина Центар, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „Даме Груев“ – А03 во општина Центар, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на булевар „Илинден“ – Д62 во општина Карпош, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „29 Ноември“ – Ц19 во општина Центар, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „Станко Караман“ во Градски парк – зона Градски парк во општина Центар, на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „11 Октомври“ – зона Тутунски комбинат во општина Центар и на паркинг просторот на ЈП „Градски паркинг“, на улица „Народен фронт“ – зона паркинг Треска во општина Центар.

Во образложението на предлог-одлуката се наведува дека целта на овој проект е во согласност со преземените активности од страна на Град Скопје во насока на охрабрување на учесниците во сообраќајот да користат алтернативни начини на транспорт преку промовирање на станици за полнење на електромобили како една од алатките во напорите за подобрување на квалитетот на воздухот. 

Град Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје имаат склучено меморандум за соработка од 12. 12. 2016 година, согласно кој двете страни се вклучуваат во проектот за заштита на животна средина преку подобрување на условите за користење на електрични возила на територијата на градот Скопје.

Од таа причина ЕВН Македонија АД Скопје ќе постави 25 станици за полнење на електромобил на исто толку локации, не само за подобрување на квалитетот на воздухот, туку и да се овозможат подобри услови за поттикнување на граѓаните во градот Скопје кон нов начин на транспорт и заштита на животната средина.

(А.П.)