Поранешниот тренер на многу познати тенисери Рик Мачи ја анализираше „големата тројка“ и прикажа интересна споредба која насмеа многумина.
Имено, за тоа кој какво влијание има на „белиот спорт“, Рик смета дека поради Федерер тенисот личи на балет. Поради Надал овој спорт личи на бокс, додека Новак ги измеша тие две работи, а поради Србинот тенисот личи на бокс и балет.
Федерер направи тенисот да изгледа како балет, Надал како бокс, а Ѓоковиќ го прави да личи на бокс и балет“, напиша Мачи на социјалната мрежа „Х“.
Во меѓувреме Федерер, во интервју, зборуваше за ривалството со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, а неговата кариера ја одбележаа дуелите против споменатите двајца тенисери.
– Навистина бев среќен што играв против нив 40-50 пати, па имам многу спомени од тие големи натпревари, битки. Толку пати сум одговорил на прашања за нив и можам да го кажам само најдоброто. Беше одлично да се дели теренот со нив толку години – изјави Швајварац.
Федерер упати добри желби до Новак и Рафа.
– Се надевам дека Рафа ќе се врати силен следната година и се надевам дека Новак ќе може да игра колку што сака, бидејќи е добро за играта што овие момци сè уште се таму.
Надал би требало да се врати на теренот наскоро по една година надвор поради повреда. Од друга страна, Ѓоковиќ ќе има можност да го освои „Златниот слем“ во 2024 година.