ВИДЕО: На социјалните мрежи се шири видео од страшно откритие

813

На социјалните мрежи се шири видео од страшно откритие кое го изненади гостинот во хотелската соба. Клипот, првично постиран на TikTok од Дијана Алберс Рамирез, го прикажува нејзиниот сопруг кој прави видео од хотелската соба.

Кога ја отворил вратата од плакарот, нашол друга врата одзади, која ја отворил со помош на хотелската картичка. Зад вратата нашол мал коридор што се провлекувал низ собата, со друга, помала врата. Кога ја отворил и таа врата, нашол уште еден таен коридор, кој изгледа уште поморничав.

Видеото стана вирално, а многумина се запрашаа зошто хотелот има тајни ходници. Додека едни пишуваа дека мора да е нешто злобно, други дадоа поедноставни објаснувања велејќи дека тоа е само лоша градба и дека градителот оставил простор за понатамошна работа.

„Не би можел да спијам во таа соба по ова откритие“, напиша еден корисник на X, додека друг додаде: „Би бил надвор од таа соба по пет секунди“.

„Врата зад врата? Веќе сум во фоајето и ги проверувам работите“, додаде трет.