Сме виделе секакви работи во светот на спортот, но судии да се тепаат меѓу себе?! Тоа се случи во САД на натпревар меѓу детски кошаркарски тимови.

На дуелот одигран во Колорадо, тројца судии започнаа тепачка во последната четвртина, а четвртиот судија заедно со претставници на тимовите се обидоа да ги раздвојат завојуваните страни. На крајот успеаја.

Судиите веднаш беа суспендирани по неверојатниот инцидент.