Се украсува улица „Македонија“

422

Денеска се украсува најфреквентната пешачка улица во градот, улицата „Македонија“. Фирма ангажирана од градот ги поставуваше новогодишните украси.

Претходно, скромно се украсуваше и булеварот „Партизански одреди“ кој е под надлежност на Градот. Украси можеа да се забелажат и на улицата „Димитрие Чуповски“ кај Рекорд.

Во соопштението кое градските власти го испратија до медиумите беше наведено дека како и секоја година, главниот град ќе блесне со новогодишна магија на 15 декември, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување преку сомнителни набавки. Меѓутоа, не прецизираа точно кои улици, булевари и јавни површини во надлежност на Градот ќе блеснат во новогодишен сјај.

На плоштадот „Македонија“ се поставени дрвени куќарки, а според најавите ќе има и новогодишна елка.

Фото: (S.П.)