Дојавите за бомби во српските училишта пристигнуваат од странство? ТРЕНДОТ СЕ ШИРИ НИЗ ЕВРОПА!

217

Неколку основни и средни училишта во Белград уште еднаш беа информирани за поставени бомби. Полицијата е на тие локации и е во процес на проверка на тврдењата за подметнати експлозивни направи. Децата и вработените се евакуирани од училиштата, а додека некои чекаат да се вратат на настава, некои училишта испратија известувања до родителите да ги земат децата, објавија српските медиуми.

И покрај тоа што пријавите секој пат се покажаа лажни, контрадиверзивната екипа секогаш излегува на терен и полицијата има точен редослед на дејствија и конкретен начин на проверка дали се применуваат во зависност од возраста на децата.

Во врска со серијата лажни пријави за бомби во училиштата, кои во изминатите неколку дена пристигнаа во Белград, министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ рече дека полицијата „ќе направи се“ за да ги открие оние што стојат зад тоа.

Пријавите сигурно доаѓаат од странство, бидејќи тој тренд се проширил и на меѓународно ниво, па извештаи за бомби пристигнуваат и од други европски земји, дознава Блиц.

Експертите сметаат дека секако се работи за злоупотреба на правата со цел да се предизвика страв и општа конфузија во општеството.

Српските полициски и правосудни институции неодамна соопштија дека има напредок во истрагата за лажни закани со бомби во училиштата, благодарение на размената со европските механизми за брза соработка на полицијата и кривичното право.