Дома СВЕТ Зеленски почна да ги нервира Украинците!

Зеленски почна да ги нервира Украинците!

169

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упатува барем едно видео обраќање до нацијата секој ден од руската инвазија, при тоа ја фали армијата, нејзиниот напредок и отворено шири оптимизам за текот на војната – што полека почна да им пречи на Украинците.

Ваквата политика се применува на сите државни нивоа, од министерствата и локалните управи до воените команданти, и вклучува строга цензура на лошите вести како што се, на пример, бројките за украинските жртви или успешните руски воени резултати.

Реалноста е дека Украина не ги реализираше плановите што ги имаше оваа година, а тоа пред се подразбира летна контраофанзива. Дополнително, слабее поддршката на Западот поради фокусот на Блискиот Исток, а се добива впечаток дека се создаваат сè појасни тензии меѓу Зеленски и неговите офицери, кои тврдат дека се создава јаз бидејќи граѓаните гледаат дека пораките што претседателот ги изнесува во јавноста не соодветствуваат со ситуацијата „на терен“.

„Потребна му е доза на реалност. Мора да бидеме храбри како што бевме на 24 февруари 2022 година“, изјави за Фајненшл тајмс лице поврзано со претседателската комуникациска стратегија споредувајќи ја со денот кога Русија ја започна својата инвазија.

Покрај сè, политичките противници почнаа отворено да го критикуваат Зеленски, пред се градоначалникот на Киев Виталиј Кличко. Неодамна го обвини за авторитаризам и го спореди со рускиот претседател Владимир Путин.

Иако Зеленски оптимистичкиот тон го гледа како единствен начин да ги увери сомнителните на Запад и да ја зајакне довербата на украинските компании, кои се витален извор на даночни приходи за воените напори, јасно е дека ако нешто вакво се прави насила, може да има контра-ефект. На тоа предупредуваат украински експерти задолжени за комуникациска стратегија.

Иако, забележува Фајненшл Тајмс, довербата на граѓаните во Зеленски е сè уште на високо ниво, како и мотивацијата за победа во војната, прикривањето на реалноста може долгорочно да создаде контраефект.