Турската национална авиокомапнија „Туркиш ерлајнс“ од следната година ќе лета до и од Охрид. Според директорот на ТАВ Македонија, Неџат Курт, најголем дел од странските туристи во Охрид биле Турци и оваа линија ќе придонесе за зголемување на нивниот број.
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ги заврши првите 10 месеци од 2023 година со 30% пораст на патничкиот сообраќај, достигнувајќи вкупно 2,6 милиони (2.647.816) патници на двата македонски аеродроми во Скопје и во Охрид, додека бројот на летови во истиот период изнесува 19.935 со годишен пораст од 20%.