Во Парламентот на Албанија денеска повторно дојде до судир меѓу опозицијата и собраниското обезбедување, а дел од пратениците запалија и димни факели.
На денешната седница треба да биде усвоен буџетот за 2024 година, но пратениците на Демократската партија, актуелната која ја поддржува Сали Бериша, најпрвин со своите тела го блокираа пристапот до говорницата, а кога се обидоа тоа да го направат со столчиња, имаше конфликт со собраниското обезбедување, пренесува Албаниан пост.
The session where the 2024 budget was voted on lasted only 10 minutes. The opposition MPs caused chaos in the #Parliament. #Albania pic.twitter.com/ZyolVYCBoa
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) December 7, 2023
Во пресрет на седницата, шест пратеници беа исклучени од работата на тоа тело на 10 дена поради нередот што го направија на седницата одржана на 4 декември, а меѓу нив е и Бериша, пренесува Балкан веб.
Претседателката на Собранието Љиндита Никола го исклучи од седницата претставникот на Демократската партија бидејќи, како што изјави, фрлал цигари во салата, а потоа ја затвори седницата за јавноста.