Вирц нема да мрдне

69

Ханс Јоаким Вирц, таткото на моментално најдобриот фудбалер во дресот на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Флоријан Вирц, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање клупската иднина на неговиот син. И покрај големиот интерес за неговиот син од страна на раководните лица на Ливерпул, Баерн (М), Реал (М) и Барселона, Ханс Јоаким откри дека неговиот син и следната сезона ќе престојува на „Бај Арена“.