Европејците стануваат посиромашни, не само како население, туку сите поединечно.
Ова го изјави грчкиот економист и поранешен министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис на втората регионална конференција „Погледни горе“ на Копаоник.
„Да ве потсетам, во 2008 година просечниот приход во цела Европска унија, а ја гледам и Велика Британија, беше за 10 отсто поголем од оној во САД. Тоа беше просечниот приход во Америка, но во 2022 година Америка има 26 отсто повеќе приходи отколку што беше случајот во Европа минатата година“, рече Варуфакис.
Тој додаде дека овој факт е загрижувачки, бидејќи покажува дека населението во Европа станува сиромашно.
Во фокусот на годинешната конференција ќе бидат актуелните предизвици во областа на енергетиката и екологијата, за кои ќе разговараат повеќе од 30 панелисти во шест панели.
Главни теми се одржливоста, декарбонизацијата на енергетскиот сектор, отпорот на климатските промени, циркуларната економија, зелените бизниси и финансирањето на зелените бизниси, опстанокот на микро, малите и средните претпријатија во синџирот на снабдување на конкурентниот европски пазар.