На сите четворица осомничени за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска, одреден им е притвор од 30 дена

1213
Фото:миа

Определен е 30-дневен притвор за сите пет лица осомничени за киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска. Судија на претходна постапка смета дека основани се тврдењата на јавниот обвинител дека тие можат да избегаат или да влијаат на постапката.

Под силно полициско обезбедување тие беа изведени пред судија на претходна постапка кој ќе одлучува по новото барање за мерката притвор, овој пат од 30 дена.

По извршениот распит, Судот им одредени притвор од 30 дена.

Денеска во Турција е фатен и уапсен и главниот организатор и ликвидатор на двојното убиство, Љупчо Палевски – Палчо.

Основното јавно обвинителство Скопје доцна вечерва донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. Петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело – Грабнување на малолетно лице.