Скандал ја тресе Шпанија: Кралицата Летиција го изневерила кралот со член на семејството?

2974
EPA-EFE/CABALar

Шпанската јавност не престанува да ја коментира аферата која се појави во јавноста и за која на големо се шпекулира. Поранешниот зет на шпанската кралица Летиција, Хаиме Дел Бурго неодамна изнел сензационални тврдења на сметка на познатата бринета.

Поранешниот зет на шпанската кралица Летиција Хаиме Дел Бурго неодамна упати обвиненија против познатата бринета, поранешна водителка и сегашен член на најмоќното семејство. Тој тврди дека бил во врска со Летиција пред да се ожени со нејзината сестра Телма и споделил селфи од кралицата како наводен доказ за нивната љубов.

Шпанските медиуми пишуваат дека Дел Бурго планирал да ја запроси Летиција кога таа објавила дека излегува со Фелипе, кој во тоа време се уште бил престолонаследник. Откако беше објавена свршувачката во 2003 година, шпанската славна личност наводно побарала од Хаиме да и биде кум на нејзината свадба.

 

Иако неговите тврдења, како и самата фотографија кренале огромна прашина, многу интернет корисници се сомневаат во валидноста на оваа информација, со оглед на тоа што не постојат докази дека кралицата Летиција токму нему му ја испратила оваа порака и фотографија, Џејми последователно го деактивирал својот „X“ налог.

„Немаме коментар за тоа“, изјавил за „Фемаил“ портпаролот на шпанското кралско семејство апропо целата ситуација.