Екипата на Еурофарм Пелистер остана без бодови во Лигата на шампионите и по девет одиграни натпревари, затоа што загуби на гости кај Киелце (35:25) во Полска и така македонскиот првак е единствен без позитивен резултат во ракометната елита.

Киелце покажа дека се работи за вистински дрим-тим покриен со по најмалку двајца ракометари на сите позиции. Душебаев одлично си ја завршил работата од првиот дуел во Битола, одбраната беше на ниво и заслужено Полјаците дојдоа до полниот плен со кој се зацврстија на третото место во групата. Во следното коло Киелце гостува кај ПИК Сегед, додека Еурофарм Пелистер е домаќин на ППД Загреб.

Најдобар стрелец кај Киелце беше Трастарсон со седум гола, пред Душебаев со пет реализации, а Нахи и Турнат завршија со по четири гола. Кај Еурофарм Пелистер, Цехте постигна седум, а Пешевски погоди пет пати.