„Тегла +“ – зимница за бездомниците и за социјално загрозените семејства

129

Здружението „Љубезност“ оваа година ќе организира тридневен донаторски настан „Тегла +“, кој има цел собирање зимница што ќе биде наменета како донација за бездомниците и за социјално загрозените семејства.

За таа цел, во маркетите „Веро центар Џамбо“ и „Веро“ кај Педагошка, од 4 до 6 декември, во периодот од 12 до 18 часот ќе бидат отворени собирни пунктови, каде што граѓаните ќе може да купат и да донесат зимница и да ја донираат на тој начин.

Доаѓа предвид сè од зимница: ајвар, лутеница, кисели краставички, карфиол, кисела зелка, мармалади, џемови, слатко и друга зимница и продукти.

Од „Љубезност“ апелираат до сите граѓани да ги посетат штандовите, да донираат зимница и на тој начин заеднички да им помогнеме на оние што не може сами да си обезбедат.