Општина Крушево, годинава во својата зимска бајка акцентот го става на срцето на Старата чаршија, односно Градскиот парк, од каде ќе започне новогодишното украсување на градот.
– Општината во соработка со ентузијасти од крушевскиот еснаф, образовните институции и институциите од културата и повеќе субјекти од градот покажаа интерес за свој придонес во планирањето на годинешната зимска бајка и новогодишниот блесок на градот – велат од локалната самоуправа.
Општина Крушево е отворена за соработка и ги повикува сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во заедничкото украсување на Крушево да се вклучат во оваа акција која е започнат од пред неколку денови.
– Сите заеднички да ја збогатиме целосната слика затоа што најголемото богатство на градот се неговите култура, историја и традиција, кои заслужуваат да бидат соодветно презентирани – нагласуваат од Општина Крушево.