Денеска на владина седница се очекува да бидат усвоени најавените антикризни мерки со кои според планираното би биле опфатени над 400 илјади граѓани.
Средствата за овие мерки ќе бидат обезбедени преку собирање на солидарниот данок, а парите ќе се трошат за помош на граѓаните кои спаѓаат во најранливите категории.
Според најавите на надлежните со нив предвидени се средства за пензионерите кои што ќе добијат одреден надомест наредните неколку месеци, ученици, студенти, самохрани родители.
До крајот на годинава во Буџетот се предвидени 75 милиони евра за антикризни мерки, а за идната година дополнителни 55 милиони евра пред се за продолжување на субвенционирањето на цената на електрична енергија.
Обврска за плаќање на солкидарен данок имаа 156 компании од земјава. Од нив најголем дел веќе го платиле, а бројот на компании кои се соочуваат со блокирани сметки поради непочитување на ваквата владина одлука е помал од 20.
По овој основ до сега во буџетот се слеале 37 милиони евра. Стопанската комора го оспори законот пред Уставен, но според најавите до крајот на годинава нема да има одлука.