Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед не се откажува од намерата да ги осигура услугите на францускиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Адриен Рабио. Одличниот играч за врска има договор со „старата дама“ до крајот на актуелната сезона, а пред неколку дена изјави дека се уште не се започнати преговорите околу продолжувањето на соработката и додаде дека ги разгледува сите опции кои му се на располагање.