Лудило во OpenAI: Прво го отпуштија главниот, а по пучот го вратија

199
EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Сем Алтман се враќа да го води OpenAI. Тој накратко објави на платформата X, само два дена откако беше објавено дека Алтман ја напуштил компанијата позната по развојот на четбот со вештачка интелигенција, ChatGPT, за да се вработи во Мајкрософт.

Го сакам OpenAi и се што направив во изминатите неколку дена беше во функција на одржување на овој тим и неговата мисија. Кога решив да се приклучам на Мајкрософт во неделата навечер, беше јасно дека тоа е најдобриот избор за мене и за тимот. Со новиот одбор и со поддршката на Сатја, со нетрпение очекувам да се вратам на OpenAI и да го надоградам нашето силно партнерство со Microsoft, напиша Алтман откако OpenAI исто така го објави неговото враќање.

Целата приказна започна викендот кога надзорниот одбор на OpenAI одлучи да го отстрани Алтман од чело на компанијата. Сè уште не е јасно што ги поттикнало на ваков потег, но брзо се покажало како доста лошо.

Алтман се обиде да се врати во OpenAI во неделата, но одборот го отфрли и го назначи поранешниот шеф на Twitch Емет Шир за привремен извршен директор. Таквата ненадејна промена на чело на OpenAI донесе тридневна неизвесност. И за луѓето кои работат во OpenAI, и за партнерството со Microsoft, но и за понатамошниот развој на вештачката интелигенција.

Имено, повеќе од 700 вработени во OpenAI (речиси сите) се заканија дека ќе си заминат доколку одборот не поднесе оставка и не го врати Алтман на функцијата. Тие потпишаа заедничко писмо, а голем број од нив му изразија поддршка на Алтман и на платформата Х.

Притисокот однадвор, но и одвнатре, го принуди одборот да „се покае“ и да му ја понуди на Алтман старата позиција.