London Escorts sunderland escorts
Дома СВЕТ Израел и Хамас се договорија

Израел и Хамас се договорија

153
EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Повеќе од 50 дена по избувнувањето на еден од најлошите воени конфликти во последните децении, Израел и Хамас се договорија за четиридневно примирје и размена на затвореници.

Според договорот објавен утрово, Израел ќе ослободи 150 палестински затвореници, а палестинските екстремисти ќе ослободат 50 од околу 240 заложници што ги киднапираа на 7 октомври при ненадејниот напад на југот на израелската територија, што беше причина за масовните воздушни напади, а потоа и израелската копнена офанзива.

Израелската влада синоќа го одобри договорот за ослободување на 50 заложници што ги држеше Хамас во замена за повеќедневен прекин на огнот.

Претставник на израелската влада на брифинг со новинарите рече дека се очекува како дел од договорот да бидат ослободени 50 израелски државјани, главно жени и деца, во групи од по 12-13 лица дневно.

Почетокот на договорената хуманитарна пауза ќе биде објавен во следните 24 часа, соопшти катарското Министерство за надворешни работи.