Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа нов пораз во Лигата на шампионите, откако во второро полувреме потфрлија и капитулираа кај ПИК Сегед со 34:26 (18:19).

Македонскиот претставник одигра одличен прв дел, имаше предност дури и од пет гола, ама во второто полувреме се разбрани голманот Миклер кој беше клучот на победата на унгарскиот колектив.

Миклер на крајот го заврши натпреварот со 16 одбранети удари, од кои двоцифрен број во второто полувреме. Одличен меч одигра и Марио Шоштариќ кој даде девет гола, додека Денис Васиљев беше најдобар стрелец на пелистерци со пет погодоци.