Апсење во Хрватска за крипто измама тешка 18.5 милиони евра

75
Три лица се уапсени во Хрватска поради сомнеж дека измамиле повеќе стотици граѓани кои инвестирале во крптовалути и тргувале со нив, а материјалната штета се проценува на најмалку 18.5 милиони евра, соопшти приморско-горанската полиција на Хрватска.
На прес-конференцијата за новинарите во Риека е кажано дека за измамата се осомничени директорот, прокуристот и вработена во фирма на ричечкото подрачје на возрат од 30, 326 и 37 години.
Со криминалистичко истражување е утврден основниот сомнеж дека од 2018 година до мај 2023 годсина со цел стекнување противправна имотна корист за себе и за блиски лица, со лажно прикажување и прикажување на фактите довеле во заблуба поголем број од клиентите-инвеститори во нивната фирма.
Полицијата не ги наведе имињата на уапсените, но медиумите претходно објавија дека во вторникот, 14 ноември, биле упасени сопствениците на фирмата за тргување со криптовалути „Битлаки“, Лука Буразер и Еуген Траваља.
Вложувачите во фирмата „Битклаки“ кон крајот на август предупредија дека тој случај со месеци е без придвижување и укажаа дека станува збор за најголемата крипто измама на овие простори.
Повеќето вложувачи поднесоа кривичнио пријави против сопственикот, бидејќи немале контат со него од мај годинава.
Буразер последен пат го контактирал по пат на електронска пошта на 18 мај кога ги известил дека „фирмата е доведена во состојба на криза“.
Оттогаш му се губи секаква трага,  а на 30 јули даде интервју за Јутарњи лист во кое ги отфрла обвинувањата, но не ја откри својата колација, пренесоа хрватските медиуми.
Полицијата на прес конференцијата за новинарите наведе дека досега се евидентирани повеќе стотици оштетени од подрачјето на Приморско-горанската и други жупании.
Материјалната штета е проценета на најмалку 18.5 милиони евра, а оштетените вложувале во крипто валути од неколку илјади до неколку стотици илјади евра.
Во рамки на криминалистичкото истражување, по налог на истражниот судија во Риека, извршен е претрес во домовите и возилата на осомничените, одземени се компјутери, различна информатичка опрема, мобилни телефони и различна документација.

Нивната фирма не била регистрирана за трговија со криптовалути.

Истрагата и понатаму трае.