Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски повторно го облече дресот на Еурофарм Пелистер. Кузмановски (27) е дете на Пелистер, сите ракометни чекори ги направи во Битола и доби афирмација во дресот на актуелниот шампион на Македонија. Потоа се пресели во Металург, кратко играше во Еурофарм Работник, па се одлучи за интернационална кариера. Кузмановски избра германски предизвик и ја искуси Бундеслигата. Една сезона го носеше дресот на Магдебург, па три сезони настапуваше за Хановер, а од јануари годинава го носеше дресот на Вецлар.

Кузмановски наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб и неговото деби се очекува деновите во Суперлигата и Лигата на шампионите. Официјалното претставување на Кузмановски како нов ракометар на Еурофарм Пелистер е закажано за понеделник 20 ноември.