Дејан Трајковски, професорот од Техничкиот Факултет во Битола на социјалните мрежи сподели документ – решение за пресуда кој датира од 1951 година. Според документот, се казнува маж на 90 дена затвор кој долго време никаде не работи и безделничи, а покрај тоа користи мотор и немилосрдно троши бензин…, се вели меѓудругото во пресудата.
„Тој е крив што долго време никаде не работи, а не сака ниту да се вработи, животот го поминува во безделничење и скитање, го гледаат во разни непожелни друштва, покрај тоа има и мотор кој немилосрдно користи и троши бензин, па затоа
се казнува со затвор во траење од 90 (деведесет) дена.
Смрт на фашизмот слобода на народот.
25-I-1951, стои во документот што го сподели професорот Трајковски на Фејсбук.
На постот следуваа многу коментари, а меѓудругото некои од нив сметаат дека овој закон треба да важи и денеска.