Репрезентативецот на Македонија, Андреј Јакимовски, со победа ја почна новата сезона во НЦАА-лигата откако неговиот Вашингтон стејт славеше притив Ајдахо со 84:55.
- Конечно сум целосно здрав, имав цело лето за да оздравам и за да го подготвам телото за новата сезона. Три години се мачев со повреди, се надевам дека е минато тоа и дека ќе биде многу подобро. Задоволен сум од мојата ангажираност, но и од тоа како ми помагаа соиграчите, топката често беше кај мене и добро е што го искористив тоа за доброто на тимот. Мојата најголема цел е да ѝ помогнам на екипата да победува – истакна Јакимовски.