Главниот тренер на Бруклин, Стив Неш, ја коментираше ситуацијата околу ѕвездата на тимот, Кевин Дурант, оваа вонсезона.
Летово, Дурант првин побара размена, потоа отпуштање на Неш и на генералниот менаџер Шон Маркс. По некое време, страните се договорија и почнаа да се подготвуваат за новата сезона.
- Овие работи се случуваат во секое семејство. Ги надминувате неволјите и несогласувањата. Мислам дека по поразот на крајот од сезоната, ситуацијата беше малку претерана. Сите беа вознемирени и загрижени поради тоа. Сега, гледајќи наназад, можам да кажам дека направивме многу големи работи. Минатата сезона, поминавме период без три наши ѕвезди – рече Неш.
Во текот на својата кариера, Дурант има играно и за Сиетл, Оклахома и за Голден стејт.