Николас Бендтнер важеше за еден од најголемите таленти кога како тинејџер ја напушти родната Норвешка и се пресели во редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.
На почетокот Бендтнер беше дел од младинските категории на популарните „топчии“, а во 2007 година доби шанса да биде дел и од сениорскиот тим на Арсенал.
Норвешкиот интернационалец веднаш покажа дека станува збор за голем потенцијал, а раководните лица на лондонскиот премиерлигаш беа убедени дека со години може да биде лидер на првиот тим, но тоа, за жал, не се случи.
Поради својот начин на живот и големиот број на скандали, Бендтнер едноставно беше осуден на пропаст кога е во прашање фудбалската игра иако голем беше бројот на тие кои му предвидуваа успешна кариера.
Пред една година Бендтнер стави крај на својата играчка кариера и тоа откако помина неколку месеци беше во затвор поради физички напад на еден таксист. Додека ги играше последните натпревари во својата фудбалска кариера, Бендтнер ја објави и својата автобиографија „Двете страни“.
Во својата книга Бендтнер реши отворено да зборува за својот живот, а нормално, најголемиот дел беше посветен на фудбалската кариера и скандалите кои ги правеше додека активно се занимаваше со најважната споредна работа.
За англиската јавност убедливо најинтересен беше делот од кингата во кој Бендтнер зборува за тоа како фудбалерите се однесуваат во ноќните клубови и како најчесто завршуваат во кревет со најразлични девојки.
Фудбалерите важат за големи заводници, а голем е бројот на девојки кои се обидуваат на секаков можен начин да дојдат до тие кои се многу популарни и уште повеќе богати.
Сепак Бендтнер откри дека на фудбалерите не им се многу интересни девојките од ноќните клубови, туку тие се одлучуваат за далеку посигурната опција кога е во прашање сексот.
- Мора да ми верувате дека сум видел многу работи, особено додека бев во Англија. Таму играчите сакаат да се фалат со тие работи, да раскажуваат со која девојка биле. Сепак, поголемиот број од нив не сакаат интимни односи со обична девојка, која ја сретнале во некој ноќен клуб. Сите ја бираат посигурната опција, не сакаат да ризикуваат. Тие обичните девојки најчесто сакаат некаква корист и подоцна ќе слушнеш дека бараат некаква парична сума и почнуваат да ве уценуваат. Затоа, поголемиот број на фудбалери знаат кого треба да побараат за да добијат ескорт девојка. Таа девојка ќе дојде кај вас, ќе имате интимен однос, ќе и платите колку сте должни и секој ќе тргне по својот пат. Никој не сака да ризикува со спонзорушите кои имаат план како да влезат во вашиот живот и истиот да ви го направат пекол. Ескорт девојката е сигурна опција, молчи со кого била и сите се среќни и задоволни, пишува Бендтнер.
Норвежанецот откри дека и самиот правел такви работи и дека имал голем проблем со една девојка која му соопштила дека е трудна од него.
- Спонзорушите се подготвени на се и сешто. Една дојде до мене и ми кажа дека е трудна и дека детето е мое. Јасно ми кажа дека има цена ако сакам да абортира и никогаш повеќе да не ја видам. Ми зема пари за пластичните операции кои често ги правеше, а јас се тоа го платив и така го решив тој проблем. Тие тоа го правам со една единствена цел, да ви извлечат што е можно повеќе пари, пишува Бендтнер.