80 години слободно Куманово

766

Куманово денеска одбележа 80 години од ослободувањето.

-Ова е денот кој е особено значаен во нашата македонска историја. На денешен ден, во 1944 година, борците од НОБ го ослободија Куманово од бугарскиот и германскиот фашистички окупатор.  80 години подоцна, Куманово расте и се развива во модерен град, град на различности и соживот, град на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска, политичка или каква било друга припадност.  Наша обврска е да продолжиме заеднички по овој вистински пат, напиша на својот фејсбук градоначалникот Максим Димитриевски.

По повод одбележување на Денот на ослободување во кумановскиот Занаетчиски дом беше приреден свечен прием на претставниците од збратимените градови, каде во празнична атмосфера си разменивме пригодни подароци.

-Куманово е град во кој се почитуваат различностите и се негува соживотот. Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, сите заедници, сплотено со една единствена цел: Куманово да биде поубаво место за живеење.  Во изминатиот период заеднички ја унапредивме нашата соработка, а верувам дека со истите принципи ќе продолжиме и понатаму, вели градоначалникот Димитриевски.

Во чест на Денот, пред Спомен костурницата во Куманово, голем број општински и државни делегации положија свежо цвеќе.

-На мое големо задоволство како претставник од Министерството за внатрешни работи имав чест да оддадам најдлабока почит кон нашите борци, хероите кои го ослободија градот Куманово, вели давниот секретар во МВР Сашо Петрушевски.