Основното јавно обвинителството поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица за кои постои сомневање дека на било каков начин придонеле за несреќата во дискотеката во Кочани во која загинаа 59, а повеќе од 150 се повредени од пожарот. Од нив, предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, кој изнесува по закон 48 часа, додека за останатите 3- ца кои сеуште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба, постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица, соопштуваат од ОЈО. Предлозите за притвор ќе бидат доставени во Основниот суд во Кочани, таму ќе бидат спроведени осомничените за делата поврзани со несреќата.