Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 29. ноември покажуваат
дека 69,5% од починатите од Ковид-19 во Македонија биле со претходни заболувања.
“Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=1.345) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 350,9/100.000 жители.
Регистрирани се 1.131 смртни случаи кај лица од машки и 632 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 1.226 (69,5%) се регистрирани коморбидитети, најчесто
кардиоваскуларна болест (n=937), дијабет (n=437) и белодробна болест (n=196).