69-годишна жена загина, дете (9) се бори за живот по пад од зграда во Кисела Вода

156

Седумдесетгодишна жена и малолетник синоќа паднаа од зграда во скопска Кисела Вода. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдија веста, со дополнување дека жената починала на лице место, а малолетникот е пренесен во Ургентниот центар за укажување на помош.

На 03.12.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од зграда. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С.(69) од Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишен малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.