61. издание на Галичката свадба/ФОТОГАЛЕРИЈА

1636

Шеесет и првото издание на Галичка свадба се одржува викендов, од 12 до 14 јули. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, додека зетот е Даријан Кочоски.

Обичаите (канење на мртвите, канење на кумот, бричење на зетот, гледањето низ прстен, пречекот на сватовите, земањето на невестата, дарувањето…) и обредните песни и ора продолжија в недела, на денот на венчавката на младенците во црквата.

Свадбарските обичаи почнаа в саботата, 13 јули, со обредот „фрлање три пушки“ и со „виорење на свадбениот бајрак“. Вечерта в сабота беше и пречекот на тапаните, свекрвиното оро, а членови на ансамблот „Танец“ ќе го одиграат „Тешкото“ – препознатливото оро за печалбарскиот Галичник.

 

Фото: П.Стојановски