60.000 граѓани на антивладините протести во Братислава – демонстрантите бараат оставка од Фицо

53
epa11814803 Slovakia's Prime Minister Robert Fico addresses a press conference in the Slovak permanent representation in Brussels, Belgium, 09 January 2025. The Slovakian prime minister is in Brussels to discuss the termination of the Russian gas transit to Europe through Ukraine.  EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Десетици илјади граѓани се собраа на антивладините протести низ Словачка, барајќи оставка од премиерот Роберт Фицо.

Серијата протести наречени „Словачка е Европа“ ја организираше граѓанската иницијатива „Мир за Украина“, а словачката дијаспора организираше протестни собири во Полска, Германија, Чешка и Ирска, објави порталот Aktuality.sk.

Според словачкиот претседател Петр Пелегрини, ситуацијата е сериозна, додека Фицо изјави дека тоа е обид за државен удар и за „структура“ која сака да го наруши уставниот поредок.

Според проценките на организаторите, во Братислава се собрале до 60.000 луѓе, што би го направило денешниот протест еден од најголемите во модерната словачка историја.

Организаторите на протестот побараа словачкиот премиер да поднесе оставка „за доброто на иднината на Словачка“.

Тие го повикаа Фицо да го почитува законот, независноста на институциите и транспарентно да владее и побараа од владата и од највисоките претставници на државата да престанат со „секаква соработка со Русија, да престанат да ја напаѓаат Украина и да ги запрат обидите на Роберт Фицо да го промени словачкиот странска ориентација, прекршувајќи ги обврските кон ЕУ и НАТО“.

Нов протест во Братислава е најавен за 7 февруари, јави Танјуг.

ИЗДВОЕНИ