Учениците и наставниот кадар на ООУ „Дане Крапчев“ подготвија одличен патронат по повод Денот на училиштето под мотото „Чекор напред кон иднината“. Презентирани беа нивните досегашни активности во рамки на училишните секции, како и рачните изработки на преубавите макети.
– Секогаш сум горд што во нашите основни училишта имаме прекрасни и креативни ученици, кои бележат прекрасни резултати, поддржани од нивните наставнички. Нека ви е честит Денот на училиштето драги ученици и наставен кадар од ООУ „Дане Крапчев“. Горд сум на вашите успеси како училиште кои ги постигнувате на домашните и меѓународни натпревари. Горд што токму вашето училиште е лидер во проектите за подобро образование во нашата општина. Благодарам до целиот наставен кадар за посветеноста која ја давате во оваа несекојдневна учебна година преку комбинираната настава. Продолжете така и во иднина уште по мотивирани и уште по креативни – истакна градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.
Тој потсети дека општина Гази Баба е секогаш тука да вложува и да ги подобрува условите за работа и учење во ова училиште.
– Изградбата на дендро паркот, поставувањето на енергетската фасада, смарт таблите, како и подобрувањето на внатрешните услови во училиштето, се само дел од реализираните проекти. Нашата поддршка ќе продолжи и понатаму со цел да ви понудиме модерни услови за учење – нагласи Георгиевски.