Министерот Панче Тошковски објави детали за страшната трагедија што се случи ноќеска во дискотеката во Кочани. Тој кажа дека бројката на загинати изнеснува најмалку 51 лице, а над 100 се повредени. Тошковски рече дека според првите информации, пожарот настанал од искри кои потоа го зафатиле таванот кој бил од лесно запалива материја. Како што истакнат министерот веќе се приведени лица.
Фото: П. Стојановски

На скопските клиники, во Градската хируршка болница „Свети Наум Охридски “ и во „8. Септември“ хоспитализирани се повеќе од 80 потешко повредените лица во пожарот што ноќеска се случи во дискотека во Кочани.
Директорот на Градска болница „Свети Наум Охридски“, Небојша Насто потврди за МИА дека кај нив се примени досега 29 лица, меѓу нив и малолетници, со тешки изгореници на лицето, вратот и рацете. Од ТОАРИЛУЦ за МИА изјавија дека кај нив досега примени се 31 лице, има и малолетници. генерално сите со изгореници.
Во ГОБ „8. Септември“, примени се 17 лица. На Детска хирургија четири лица.
Повеќето од повредените лица во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи ноќеска се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош.
На местото на несреќата е и премиерот Христијан Мицкоски.
Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид.
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување.