„500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги заштитат од 140 милиони Руси“

157
EPA-EFE/Pawel Supernak POLAND OUT

Полскиот премиер Доналд Туск, пред пристигнувањето на неформалниот самит на европските лидери во Лондон, изјави дека Европа мора посериозно да ја сфати сопствената одбрана и да престане да се потпира само на Америка.

„Парадокс е, слушнете како звучи ова: 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги заштитат од 140 милиони Руси. Ако знаете да броите – потпрете се на себе! – рече Туск.

Тој посочи дека на Европа денес и недостигаат „фантазија и храброст“, иако има воена моќ што ги надминува руските можности.

Европа (вклучувајќи ја Украина) има 2,6 милиони војници, додека Русија има 1,1 милион. Европа има 2.091 борбен авион, а Русија 1.224. Европа има 14.400 артилериски системи, додека Русија има 5.157.

Туск истакна дека „Европа има потенцијал да биде голема сила“, но дека е време да се „разбудиме и сериозно да ја сфатиме одбраната на Европа“.

Неговата порака беше недвосмислена – целта мора да биде „мир преку сила“, а не преку „капитулација на Украина“.

ИЗДВОЕНИ