50 од околу 100 заложници во Газа се уште се живи, смета Нетанјаху

10

Половината од околу 100-те заложници кои се држат во Појасот Газа од минатата година се уште се живи, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а пренесуваат израелските медиуми.

Нетанјаху зборуваше за заложниците за време на состанокот на парламентарните комитети за надворешни работи и безбедност во Ерусалим, јавуваат медиумите. Официјална потврда за неговата изјава нема, бидејќи се работело за затворена седница.

Терористите на Хамас убија повеќе од 1.200 луѓе во нападот врз Израел на 7 октомври и зедоа 250 заложници, што предизвика војна која се уште трае. За време на прекинот на огнот во ноември, Хамас ослободи 105 заложници. За возврат, Израел ослободи 240 палестински затвореници.

Разговорите со посредство за прекин на огнот во Газа и ослободување на повеќе заложници оттогаш беа неуспешни. Израелската армија ослободи поединечни заложници, додека неколкумина беа пронајдени мртви. Експертите и набљудувачите веќе некое време веруваат дека многу од заложниците кои се уште се наоѓаат во Појасот Газа веќе не се живи.