50.000 долари за итни климатски решенија за средните училишта

223

Градот треба да прими грант, донација од „Youth Action Fund“, вреден 50.000 долари, со цел распредeлба на финансиските средства во средните училишта на територија на Град Скопје.

Средствата ќе се реализираат во биотехнолошката лабораторијата во СУГС „Марија Кири-Склодовска“. На седницата на Советот на Град Скопје што ќе се одржи в среда, градските советници треба да дадат зелено светло за примање на донацијата.

Донацијата е во насока на поттикнување на стабилна младина, соработка во решавањето на климатските проблеми и во креирањето политики.

– Предвидено е Градот Скопје, потпомогнат од „Youth Action Fund“, како од технички така и од финансиски аспект, да реализира активности од погоренаведената област, кои ќе се искористат во насока на поттикнување на најмладите, односно учениците од сите средни училишта на територијата на Град Скопје во процесите на дизајнирање, креирање и управување со итните климатски решенија – се наведува во образложението на одлуката за примање на донација од „Youth Action Fund“.