48 нови случаи на коронавирус во Македонија

61

Во последните 24 часа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 тестови, а починаа четири лица, соопшти Министерството за здравство

Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани – девет, во Струмица – четири, Куманово и Прилеп по три нови случаи.

По два случаи се потврдени во Виница и Свети Николе и по еден нов случај во Дебар, Тетово, Пробиштип, Пехчево и Делчево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент.